Полска го олеснува товарот на инфлацијата врз домаќинствата со пониски даноци и финансиска помош

Од:

Полска ќе ги намали акцизите за бензинот и ДДВ за гасот и електричната енергија за неколку месеци и ќе им обезбеди на граѓаните парична помош за да го олесни товарот од повисоката инфлација, соопшти денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени во најголемата европска економија во развој во октомври се зголеми на 6,4 отсто, според Евростат, оптоварувајќи ги буџетите на домаќинствата и намалувајќи ја нивната куповна моќ.

– Полската влада одлучи да преземе конкретни мерки за … да го ублажи, амортизира ударот на посилната инфлација, рече премиерот на прес-конференција.

Во петмесечниот период, почнувајќи од 20 декември, акцизите за бензинот ќе се спуштат на најниско ниво дозволено со регулативите на ЕУ, најави Моравјецки.

Во првите три месеци од идната година, стапката на ДДВ за гасот ќе се намали од 23 на осум проценти, а стапката на ДДВ за електрична енергија од 23 на пет проценти.

Домаќинствата ќе добијат и финансиска поддршка во форма на посебен додаток, чиј износ ќе зависи од висината на приходите и ќе се плаќа на две рати во 2022 година.

Мерките се во вредност од 10 милијарди злоти (2,4 милијарди долари), информира полскиот премиерот.

Владите во Европа и светот се соочуваат со сличен проблем поради високите цени на енергијата и прекините во синџирот на снабдување предизвикани од пандемијата на Ковид 19 и мерките за борба против неа.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски