Полска ги заострува мерките против ширењето на коронавирусот

Од:

Полска од денеска ги заострува мерките против ширењето на коронавирусот и во наредните денови ќе отвори дополнителни ковид болници за справување со зголемениот број случаи на инфекција, најави полската Влада.

Мерките, според кои сите спортски активности се одложени, затворени се музеите, хотелите, базените и продавниците кои не продаваат основни производи, стапија на сила денеска и ќе траат три недели.

Полскиот министер за здравство Адам Ниџиелски ја наведе британската варијанта на вирусот како причина за зголемувањето на бројот на заразени од Ковид-19, велејќи дека „поинфективната варијанта на коронавирус е одговорна за 60 до 80 проценти од сите нови случаи“.

Владата наведува дека се очекува бројот на пациенти со Ковид-19 кои се на болничко лекување речиси двојно да се зголеми.

Повеќе од 23.000 пациенти со Ковид-19 во моментов се лекуваат во болници, а повеќе од 2.300 од нив се на апарати за дишење.
Полските власти денеска пријавија 26.405 нови случаи за последните 24 часа.

Полска, која има нешто помалку од 38 милиони жители, има повеќе од два милиона потврдени случаи на инфекција со коронавирус и речиси 49.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба