Полска ги укина даноците за младите работници

Од:

Полска ги укина даноците за младите работни луѓе во обид да се запре заминувањето на младите од земјата. Според новите правила, ниту еден работник до својата 26-та година нема да плаќа данок на доход. Олеснувањето се однесува само на работниците, не и на претприемачи и работодаватели.

Законот стапи во сила на први август и може потенцијално да влијае на два милиони луѓе во земјата со 38 милиони население. Властите велат дека укинувањето на данокот ќе ги охрабри младите луѓе да се приклучат на пазарот на трудот, кој постојано бележи недостиг на луѓе.

– Не очекувам да се збогатам од оваа мерка, вели 23-годишниот Јан Пиотрски. – Очекувам мојата плата да биде повисока за 100 до 200 злоти (23-46 евра) месечно.

Во Полска, нема точна статистика за тоа колку пари заработуваат младите до 26-годишна возраст. Просечната плата за сите работници е 3700 злоти (860 евра).

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба