Полска ги отфрли обвинувањата дека ги прогонува мигрантите во Белорусија

Од:

Полскиот заменик министер за надворешни работи, Марцин Пшидач, ги отфрли наводите дека неговата земја насилно ги прогонува во Белорусија барателите на азил.

Ситуацијата со бегалците од Блискиот Исток, кои се обидуваат илегално да ја преминат полско-белоруската граница за да влезат во ЕУ, предизвикува се пожестоки дискусии. Според Варшава, минатиот викенд полската погранична служба спречила два обида за преминување на границата од територијата на Белорусија. Истовремено, католичката хуманитарна организација Каритас и меѓународната организација за човекови права Амнести интернешнал ги обвинуваат полските погранични власти за кршење на правата на мигрантите и насилно враќање во Белорусија.

Пшидач во интервју за Дојче веле истакна дека тоа не е вистина и дека ситуацијата на границата со Белорусија претставува „вештачка криза организирана од белорускиот режим“.

– Луѓето на кои навистина им е потребен азил можат да одат во полската амбасада во Ирак или во други земји, како и во која било амбасада во Минск или во блискоисточна земја, објасни заменик министерот.

Понекогаш самите бегалци одлучуваат да се вратат од Полска во Белорусија за да пробаат друг пат, или полските погранични власти едноставно не ги пуштаат да влезат бидејќи тоа е нелегално.

– Ако сакате да влезете на полска територија, треба да одите на контролниот пункт со специјални документи и визи, додад Пшидач.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски