Половина тон кокаин е пронајден во кеси за кафе во Швајцарија

Од:

Повеќе од 500 килограми кокаин, за кој се проценува дека вреди повеќе од 50 милиони швајцарски франци, се пронајдени во контејнер со вреќи со зрна кафе наменети за фабриката Неспресо во градот Ромонт во западна Швајцарија, соопшти денеска локалната полиција.

Како што се наведува, фабриката Неспресо, синоќа ја известила полицијата дека персоналот пронашол „недефинирана бела материја“ при истовар на вреќи со зрна кафе кои штотуку пристигнале од Бразил, а анализите покажале дека се работи за кокаин.

„Супстанцата за која станува збор не дојде во контакт со ниту еден од нашите производи или со производствената опрема што се користи за производство на нашите производи“, се вели во соопштението на Неспресо.

Се додава дека истрагата на полицијата е во тек и дека не може да се дадат повеќе детали за споменатиот настан.

„Сакаме да ги увериме потрошувачите дека сите наши производи се безбедни за употреба“, порача швајцарскиот производител на кафе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него