Половина од Британците сакаат Британија да излезе од ЕУ

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Половина Британци сакаат Велика Британија да излезе од Европската унија, покажа истражувањето чии резултати ги објави „Фајненшал тајмс“.

Во анкетатата на Институтот за истражување „Харис Интерактив“, извршена од 29-ти до 6-ти февруари, учествувале околу 2.100 Британци.

Триесет и три проценти од испитаниците се изјасниле дека сакаат да останат во ЕУ, 17 проценти рекле дека сакаат да излезат на референдум за тоа прашање, а сите останати сакаат нивната држава да излезе од ЕУ.

Половина од испитанците подржуваат организирање на референдум за излегување на Британија од ЕУ, што го вети и британскиот премиер Дејвид Камерун.

Меѓу оние кои не се за излез од ЕУ, 12 проценти се изјасниле дека би го промениле своето мислење, доколку приговорите на Лондон и Брисел за условите за опстанок на Велика Британија во ЕУ бидат успешно завршени.

47 проценти рекле дека е можно да се предомислат, додека 41 проценти се убедени дека мислењето за тоа прашање, нема да го променат.

Според анкетата, чии резултати во јануари ги објави дневнкот „Тајмс“ излегувањето на Британија од ЕУ тогаш го подржаа 40 проценти од Британците.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он