Полковник Кирилов: Во Украина биле спроведени биолошки истражувања на сиромашни граѓани и пациенти во психијатриски болници

Од:

Американската делегација во Женева призна дека во Украина биле спроведени биолошки истражувања на сиромашни граѓани и пациенти во психијатриски болници.

Ова го изјави шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов.

-Објаснувањата на Соединетите Американски Држави и Украина во врска со отстранувањето на соеви и биоматеријали на украинските граѓани и почитувањето на етичките стандарди при спроведување на истражувања за граѓани со ниски примања, како и за една од најранливите категории на население – пациентите во психијатриските болници делуваа крајно неубедливо, рече Кирилов на брифингот по консултативната средба на земјите потписнички на Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсично оружје во Женева, пренесе Спутник.

Според неговите зборови, „американската делегација ги признала таквите факти“ притоа оградувајчи се дека испраќањето патогени биоматеријали во САД „било реткост“.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Руската Федерација, се наведува дека делегацијата на министерството во Женева презентирала материјални докази за воено-биолошките активности на САД во Украина и дека „ниту една од делегациите не се сомневала во нивната автентичност“.

-На учесниците на состанокот им беа доделени копии од документи кои претходно ги објави Министерството за одбрана на Русија, како и материјални докази кои го потврдуваат спроведувањето на воено-биолошките програми на територијата на Украина, се наведува во соопштението за медиумите.

Би можело да ве интересира

Украинците тргнаа во против напад во Курск

ВИДЕО: Разговараа шефовите на руската и на американската војска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Русите подготвуваат нова офанзива, 300 чамци чекаат за преминување на Днепар

ВИДЕО: Шолц пристигна во Киев со специјален воз, најави голема испорака на оружје

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за едно лице за учество во руската војска