Политико: Седум членки на НАТО се против поканата на Украина во Алијансата

Од:

Седум членки на НАТО се противат на поканата на Украина за членство во Алијансата, објави бриселскиот портал Politico.eu, повикувајќи се на четворица претставници на НАТО и на Америка, како и на некои дипломати.

Германија и Америка се најголемите земји кои се колебаат да одговорат на апелот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Украина да биде поканета во НАТО, пишува бриселското издание Политика и наведува дека Унгарија и Словачка исто така се против оваа одлука, „со оглед на тоа што нивните лидери преземаат про-Руски позиции“.

Другите земји, се додава, не сакаат брзо да одговорат на барањето на Киев и со задоволство „се кријат во сенка“.

„Зад Соединетите Американски Држави и Германија се кријат земји како Белгија, Словенија или Шпанија. Тие едноставно не покажуваат никаква иницијатива“, рече неименуваниот претставник на НАТО.

Иако овие земји теоретски ја поддржуваат идејата, „кога ситуацијата ќе се доближи до имплементација, ќе има поголемо противење во јавноста“, објасни друг висок функционер. Сепак, претставниците кои разговараа со новинарите истакнаа дека ниту САД ниту Германија го исклучуваат потенцијалното идно членство на Украина во НАТО.

Поканата на Украина во НАТО е првиот дел од „победничкиот план“ на Зеленски, кој тој го претстави пред европските лидери во Брисел на 17 октомври. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави за време на неодамнешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО дека Украина може да стане 33-та или 34-та членка на Алијансата. Сепак, Политико посочува дека НАТО се уште не одговорил на поканата на Зеленски. Амбасадорот на САД во НАТО Џулиен Смит на 16 октомври рече дека Алијансата не планира да ја покани Украина да се приклучи во блиска иднина.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Додека не влеземе во НАТО, може да дојдат странски трупи за да гарантираат безбедност за Украина

ВИДЕО: Трамп го кажа условот за САД да останат во НАТО

Катерина Ѓуровски

Деветмина загинати и 17 повредени во руски ракетен напад во Запорожје

А1он

(ВИДЕО) Диверзантската група „Атеш“ и зададе сериозен удар на Москва

Украина: Убивме 17, а заробивме 12 руски војници

Горан Наумовски

Орбан: Русија стана „многу силна“, а Украина „многу слаба“

Горан Наумовски