Политико: Поранешниот италијански премиер Ренци ја напушта Демократската партија и создава нова фракција

Од:

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци ја напушта Демократската партија (ДП) и формира нова центристичка група, пишува Политико.

Одлуката ќе биде објавена денеска во интервју за левоцентристичкиот весник „Ил Џурнале“. Според двајца функционери на ДП и главниот уредник на весникот Алесандро Салусти, Ренци ќе создаде нова партија во Долниот дом на Парламентот, додека во Сенатот, каде што не може да се формираат нови групи откако ќе започне мандатот на националното собрание, група пратеници ќе ја напуштат ДП и ќе станат независни.

Во интервјуто за „Ил Џурнале“ Ренци вели дека вчера му се јавил на премиерот Џузепе Конте за да го информира за својата одлука и му рекол дека останува лојален на новата влада на ДП и Движењето 5 ѕвезди.

Одлуката се очекува да предизвика превирања во ДП и да ја ослабне владејачката коалиција во Италија. Двете партии немаат мнозинство во Сенатот и сметаат на поддршката на екстремно левата партија Слободни и еднакви, како и на независните сенатори. Со заминувањето на Ренци, кој исто така е сенатор, во Горниот дом излегуваат уште 12 пратеници и тој ќе добие голема моќ над Владата, анализираат светските агенции.

Според парламентарните правила, новите групи во Претставничкиот дом треба да имаат најмалку 20 члена. Според пратеник на ДП, некои од членовите на партијата Форца Италија на Силвио Берлускони се подготвени да и се приклучат на групата на поранешниот премиер.

Претходно овој месец, Ренци, кој вршеше притисок за формирање алијанса меѓу ДП и Д5Ѕ за да се избегнат предвремени избори, за „Политико“ изјави дека евентуалното излегување од социјалдемократската партија е само „досадна гласина“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим