Политичарка во Австрија бара да се запре приемот на барања за азил

Од:

Лаура Захслехнер, која до неодамна беше генерална секретарка на владејачката Народна партија на Австрија, бара да се запре приемот на барања за азил.

„Во споредба со 2016, кога поставивме горна граница за прием на молби за азил од 37.500, оваа година посочениот лимит одамна го надминавме. Со тоа, нашиот систем ги достигна неговите граници на оптоварување“, напиша таа на Твитер.

Според неа, за да се спречи ситуацијата и понатаму да се влошува, потребно е да се запре приемот на барања за азил.

До крајот на август во Австрија се примени 56.000 барања за азил.

Захслехнер неодамна поднесе оставка на својата позиција како генерална секретарка, откако партиски колеги не застанаа во нејзина одбрана кога бараше поостра политика кон мигрантите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ван дер Белен положи заклетва на функцијата претседател на Австрија

А1он

Судар на два воза во Австрија, избувна и пожар

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

Австрија: Убиен војник на стража, а друг ранет при престрелка

Двајца малолетници избодеа жена до смрт во Австралија

А1он

Австриска министерка: Не е прашање дали ќе има прекини на струја во Европа, туку кога

А1он