Полициски час во Филаделфија поради насилство на протестите

Од:

Властите во Филаделфија од синоќа воведоа полициски час, со цел да се спречат кражбите и насилството за време на протестите, кои избија откако полицијата уби еден Афроамериканец.

Како што е соопштено од кабинетот на градоначалникот на Филаделфија, полицискиот час стапи во сила вчера во 21 часот и трае до денеска наутро во шест часот.

Во Филаделфија од понеделникот се одржуваат протести откако полицијата со огнено оружје го уби 27-годишниот Афроамериканец Волтер Волас, кој се судрил со безбедносните сили и бил вооружен со нож.

Полицијата обвини одделни демонастранти дека ги искористиле протестите за кражба на продавници при судирот со полициските сили.

Во првиот ден од протестите биле уапсени 91 лице.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат