Полицијата во Техеран приведе пет лица поради продажба на лажна вакцина за Ковид-19

Од:

Полицијата во Техеран, главниот град на Иран, уапси пет лица обвинети за продажба на лажна вакцина против новиот вид на коронавирус, за која се претпоставува дека предизвикала смрт на шест лица.

Според иранските медиуми, началникот на полицијата на западен Техеран, Мухсин Ханџерли, потврдил дека е разбиена криминална група што продавала лажна вакцина против Ковид-19. Тој посочи дека во полициската акција се уапсени пет лица.

Тој изјави дека криминалната група ја продала вакцината под името „Ремдесивир“, и наплаќала приближно 450 милиони риали (околу 2.000 долари) за секоја од нив.

Ханџерли додаде дека оваа криминална група во Техеран продала 52 лажни вакцини, со што се здобила со материјална корист од околу 100.000 американски долари.

Предупредувајќи ги граѓаните за можни измамници, Ханџерли рече дека шест лица кои ја купиле лажната вакцина починале, а лекарите треба официјално да ја утврдат конечната причина за нивната смрт.

Претходно, во Техеран беше уапсено и лице кое продавало лажна вакцина против Ковид-19 на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Млад пар во Иран објави видео како танцуваат на улица, судот ги осуди на 21 година затвор

А1он

Објавена снимка од надзорната камера: Со „калашников“ пукаше кон амбасадата на Азербејџан во Иран, убиен чувар

А1он

Вооружен со „калашников“ се пробил до обезбедувањето, едно лице убиено: Напад на амбасадата на Азербејџан во Иран

А1он

Техеран: Одлуката за исклучување на Иран од Комисијата на ОН за статусот на жените е политички мотивирана

А1он

Иранките масовно ги потстрижуваат долгите коси

Горан Наумовски

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер