Полицијата во Париз употреби солзавец против жолтите елеци, 90 лица уапсени

Од:

Париската полиција денеска употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои се обидуваат повторно да го оживеат движењето „жолти елеци“ со протест против економските мерки и против претседателот Емануел Макрон.

Полицијата соопшти дека до пладне се уапсени 90 лица, и стотина биле спречени да се соберат на авенијата Шанзелизе.

За растерување на мали групи демонстранти се ангажирани околу 7.500 полицајци кои употребиле солзавец во централните делови на градот каде не е одобрено одржување на протестот.

Затворени се повеќе од 30 метро станици.

Повеќето демонстранти не носеле флуоресцентни елеци по кои движењето го доби името.

Би можело да ве интересира

За француските социјалисти здружувањето на Републиката во марш и Републиканците пред општинските избори се „електрошок за левицата“

Ана Ололовска

Француската Влада поделена во однос на вчерашните демонстрации во Париз

Ана Ололовска

Полицијата во Париз употреби солзавец на протестите против расната неправда

Ана Ололовска

Во Франција бројот на жртви од Ковид-19 поголем од 100 за првпат после 13 дена

Ана Ололовска

Владата во Франција го одобри кредитот од пет милијарди евра за „Рено“

А1он

Неофицијално околу четири и пол милиони Французи се заразени од Ковид-19

А1он