Полицијата во Нант и Лион употреби солзавец против „жолтите елеци“

Од:

Француската полиција употреби денеска солзавец во судирите со маскирани демонстранти во Лион и Нант, за време на 26-от протест по ред на „жолтите елеци“ против претседателот Емануел Макрон и неговата програма за економски реформи.

Демонстрантите во Нант фрлале шишиња и кршеле излози од продавници, додека во Лион полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие демонстрантите од централниот Плас Белкур.

Макрон минатиот месец, по неколку недели национална дебата, возврати ветувајќи дека ќе ги намали даноците и се извини за своите, понекогаш остри одговори.

– Големата дебата беше само димна завеса, денеска употребија солзавец против нас, истакна еден демонстрант, додавајќи дека протестите ќе продолжат иако бројот на присутните е намален.

Денешниот протест во Париз беше мирен. Демонстрантите на дожд маршираа и носеа транспаренти против францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

На деветти декември средба на Макрон, Путин, Зеленски и Меркел

Ројал осомничена за злоупотреба на јавни средства, се заканува со тужба против Радио Франс

Првиот снег во Франција предизвика хаос и 200.000 домови остави без струја

Ана Ололовска

ВИДЕО: Опожарена општинската зграда на градот Анеси

Додека сите вработени во француските болници протестираат, Макрон најавува дополнителни средства и „план за итни случаи“

Франција станува нова економска локомотива на Европа

Ана Ололовска