Полицијата во Минеаполис повеќе нема да може да го задушува приведениот

Од:

Градскиот совет во Минеаполис донесе одлука за забрана на задушување на лице за време на полициско апсење, по убиството на Џорџ Флојд пред 10 дена, кога полицаец со колено му го притискаше вратот повеќе од осум минути.

Ограничена е и употребата на средства за разбивање демонстрации и побарана е поголема транспарентност во работата на полицијата.

– Ова е моментот кога можеме целосно да го промениме начинот на дејствување на полицијата“, рече градоначалникот Џејкоб Фреј.

Тој додаде дека во минатото имало проблеми со воведување на вакви промени, но оти сега тие можат да се спроведат.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност