Полицијата во Хонг Конг повторно употреби солзавец

Од:

Полицијата во Хонг Конг денеска повторно употреби солзавец за да растера илјадници антивладини демонстранти кои излегоа на улиците на градот.

Протестот во трговскиот кварт Цим Ца Цуи следуваше откако стотици луѓе се собраа пред американскиот конзулат во Хонг Конг во рамки на „Марш за благодарност“ за поддршката на САД за антивладините протести кои траат речиси шест месеци.

Претходно стотици луѓе, меѓу кои и семејства со деца, протестираа против употреба на солзавец за време на демонстрациите.

Изминатата недела во Хонг Конг беше релативно мирна, но демонстрантите соопштија дека ќе продолжат да одржуваат тензии и за денеска најавија три протести.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше