ВИДЕО: Полицијата во Барселона ја презеде контролата над улиците, се очекува обраќање на каталонскиот премиер

Од:

Каталонската и шпанската полиција ноќеска ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови и ги растераа демонстрантите кои шест часа го блокираа градот.

Синоќа дојде до најжестоки судури меѓу каталонските заговорници за независност и полицијата, откако во понеделникот беа изречени затворски казни за лидерите на Каталонија, осудени за организирање на референдумот за независност во 2017 година.

Илјадници демонстранти со знамиња на Каталонија, на петтиот ден од демонстрациите, целосно го блокираа градот.

Шпанските власти соопштија дека се откажани 57 летови, а учесниците на протестот уште утрото ја затворија границата со Франција и најмалку 25 сообраќајници.

Значително беше намален и железничкиот сообраќај. Голем број продавници и фабрики беа затворени, како и познатата катедрала на шпанскиот архитект Антонио Гауди, Саграда Фамилија, затоа што демонстрантите го блокираа влезот во неа.

На улиците се забележуваше и оган, бидејќи демонстрантите ги палеа контејнерите. Полицијата возврати со гумени куршуми и солзавец.

Немири имаше и во другите каталонски градови каде беа организирани протести.

Брзата помош соопшти дека се повредени 89 лица, од кои 60 во Барселона.

Пожарникарите во текот на ноќта ги изгасија контејнерите за ѓубре кои служеа како барикади.

Според последните информации, уапсени се 27 лица.

Кабинетот на каталонскиот премиер Ким Тора доцна синоќа свика итен состанок, а утрово треба да се обрати пред јавноста.

Владата на Каталонија, составена од две партии за независност, во последниве денови повикува на масовни и мирни демонстрации.

Генералниот штрајк беше организиран на покана на синдикатите кои се залагаат за независност на Каталонија.

Во понеделникот Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина каталонски лидери на казна затвор од девет до 13 години за организирање на референдумот за независност во 2017 година. Од тогаш започнаа протестите во Барселона, во кои е нанесена штета на градот од 1,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку 13 повредени во пожар во станбена зграда во Валенсија

Горан Наумовски