Полицијата уби двајца напаѓачи при пукање во банка во Канада

Од:

Канадската полиција уби две машки лица за време на пукање во банка во Британска Колумбија. Шест полицајци се здобиле со повреди, а куќите во близина се евакуирани поради можна експлозивна направа, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

„Куќите и деловните објекти во непосредна близина на местото на инцидентот се евакуирани поради присутност на потенцијална експлозивна направа во возило поврзано со осомничените“, се наведува во соопштението, објавено на интернет страницата на полицијата во Санич.

Осомничените беа „тешко вооружени“, а првичните информации сугерираат дека носеле панцири, изјави шефот на полицијата во Санич, Дин Дути на прес-конференција.

Засега нема повеќе детали за нив.

Шест полицајци се однесени во болница со прострелни рани.

– Очекуваме некои полицајци да бидат пуштени откако ќе им се даде помош, додека други имаат навистина сериозни повреди и одведени се на операција, додаде Дути.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Папата на миса во Канада повика да заврши маргинализацијата на домородците

Канада и ја враќа на Германија поравената рускa турбина од Северен ток 1

Катерина Павлова-Николовска

Канада испрати два воени брода во Балтичко Море

Канада уништи 15 милиони дози вакцини против Ковид со изминат рок

А1он

По речиси 50-годишен спор Канада и Данска поделија мал арктички остров

А1он

Канада најави привремена декриминализација на мали количества дрога

Ана Ололовска