Полицијата на Масачусетс ги замоли жителите да се воздржат од криминал додека не помине топлотниот бран

Од:

Полицијата на американската сојузна држава Масачусетс ги замолила граѓаните да се воздржат до утре од криминал и незаконски активности.

Ваква невообичаена молба била упатена поради топлотниот бран кој го зафати ова подрачје, објави денеска телевизијата Си Ен Ен.

– Едноставно е премногу топло за кршење на законот, наведува полицијата во градот Брејнтри во Масачусетс и им порача на граѓаните за време на горештините да останат во затворени простории и да ги прекинат незаконските дејствија додека не се разлади.

Полицијата препорачува гледање серии, играње игрици или вежбање карате дома, додавајќи дека „следниот состанок со разбојниците веројатно ќе биде в понеделник кога ќе се разлади“.

Најмалку шест лица починале поради топлотниот бран во САД, а во Њујорк и Вашингтон се измерени 38 степени Целзиусови. Горештините во централниот дел на САД и на атлантскиот брег би требало да траат до вечерва по локално време.

Американските власти наведуваат дека температурите денеска на некои места стигнале до 45 степени, поради што им се советува на граѓаните да ги ограничат своите активности на отворено.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски