Полицијата ја врати контролата врз Парламентот во Хонг Конг

Од:

Хонгконшката полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во Парламентот откако неколку стотици луѓе влегоа во зградата на Парламентот и испишаа графити на ѕидовите на собраниската сала.

Полицајците брзо стигнале до собраниската сала, но во неа затекнале само новинари, јавија светските медиуми.

Некои од насобраните пред зградата брзо си заминале откако полицијата фрлила солзавец и почнала да напредува кон Парламентот со опрема за разбивање демонстрации.

Десетици илјади луѓе протестираа во градот, барајќи повеќе демократија на 22-годишнината од британското предавање на Хонг Конг на Кина, кој до тогаш беше британска колонија.

Луѓето на улиците тврдат дека владата на Хонг Конг не одговорила на нивните барања за целосно повлекување на контроверзниот закон за екстрадиција и оставка на премиерката на Хонг Конг, Кери Лам.

Би можело да ве интересира

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Погребан докторот кој беше убиен на паркингот пред поликлиника Железара

А1он

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски