Полицаец им подлегна на повредите по немирите во Капитол Хил

Од:

Припадник на полициските сили почина од здобиените повреди во немирите предизвикани пред два дена од страна на приврзаниците на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, во Капитол Хил во Вашингтон, соопшти полицијата.

Полицаецот Брајан Сикник е петта жртва во немирите, откако претходно е објавено дека четири лица загинале кога приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот со цел да го спречат Парламентот да ја верификува победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

– Полицаецот Сикник одговори на немирите во средата, 6 јануари 2021 година, во американскиот Капитол и повреден е додека бил во физички судир со демонстрантите, нагласи полицијата во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пелоси: Некои конгресмени би можеле да бидат кривично гонети

Вашингтон бара зголемени безбедносни мерки за инаугурацијата на Бајден

Мнозинството Американци сметаат дека Трамп треба да биде отповикан пред 20 јануари

Пелоси: Претставничкиот дом денеска ќе продолжи со чекори за импичмент против претседателот Трамп

Катерина Павлова-Николовска

Во САД прогласена тридневна жалост поради смртта на двајца полицајци од Капитол

Пенс е против повикување на 25. амандман