Полетаа и воените авиони на Тајван: Дали следи нов конфликт?

Од:

Тајван ги подигна своите борбени авиони како предупредување за 49 кинески авиони кои влегоа во неговата зона за воздушна одбрана, соопшти тајванското Министерство.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на министерството се додава дека кинеските авиони ја преминале линијата на поделба меѓу двете страни во Тајванскиот теснец, пренесува Ројтерс.

Министерството за одбрана на Тајван претходно денеска соопшти дека вкупно 68 воени авиони и 13 бродови на морнарицата учествуваат во кинеските вежби во Тајванскиот теснец.

Како што се наведува во соопштението на министерството, некои од нив „намерно“ преминале во неофицијалната тампон зона што ги дели двете страни, пренесе Ројтерс.

Тајванското министерство истовремено ја осуди Кина, велејќи дека кинеските вооружени сили „сериозно го прекршиле“ статус квото и го загрозиле водениот и воздушниот простор на Тајван.

Би можело да ве интересира

Кинески авиони повторно ја преминаа централната линија во Тајвански Теснец

Ана Ололовска

Кина продолжува со воените вежби во близина на Тајван

Тајван најави одговор на кинеските воени вежби

Кина од утре почнува нови воени вежби

Тајван постепено го нормализира воздушниот сообраќај

Горан Наумовски

САД: Потезите на Кина во Тајванскиот Теснец се провокативни и неодговорни