Покренати обвиненија против финансискиот директор на компанијата на Трамп

Од:

Во Њујорк се покренати обвиненија против компанијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и нејзиниот финансиски директор, Ален Вајселберг.

Како што за британските медиуми открива извор близок до случајот, првите обвинувања биле потврдени откако њујоршкото обвинителство повеќе од две години водело истрага за Донадл Трамп и неговата деловна активност.

Обвиненијата против компанијата на Трамп и нејзиниот финансиски директор Вајселберг се очекува денеска да бидат презентирани пред големата порота во Менхетен, но и дека обвинетиот директор утринава самиот ќе им се предаде на властите, потврдено е од истиот, добро информиран, извор, кој најавува дека против соработникот на Трамп денеска и официјално ќе биде покренато обвинението пред Врховниот суд на Њујорк на Менхетен.

Оваа недела не се очекува обвинение против Трамп, потврди адвокатот на поранешниот претседател, иако целиот случај може да ги комплицира политичката иднина и претседателските амбиции на Доналд Трамп за 2024 година.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата