Покрената истрага против Порошенко поради префрлање на државни пари

Од:

Украинското Национално истражно биро покрена истрага против поранешниот претседател Петро Порошенко и неговите соработници поради префрлување голема сума на девиза од државната одбранбена компанија „Укроборонпром“ на сметка на офшор компанија врз основа на лажни договори.

– Покренат е нов кривичен случај, кој би можел да погоди десетина соработници на Порошенко. Националното истражно биро вчера покрена истрага, изјави Андреј Портнов, адвокат и поранешен заменик шеф на кабинетот на поранешниот претседател Виктор Јанукович.

Портнов наведе и дека „во случајот вмешана е и шефицата на Народна банка, Валерија Гонтарева, претставници на компаниите „Укроборнпром“ и „Укрексимбанка“ кои го „организираа трансферот на милијарди во странска валута директно од „Укроборнпром“ на офшор сметки, врз основа на лажни договори, а поради лична корист иако беа свесни дека ја загрозуваат националната безбедност и одбранбените капацитети на Украина“.

– Тој посочи дека случајот може да резултира со конфискација на целиот имот на Порошенко и Гонтарева, како и со долги затворски казни за нив.

Порошенко, исто така, е осомничен за велепредавство, злоупотреба на положбата, перење на пари, затајување данок, обид за узурпација на правосудството и незаконско именување на министри во 2016 година, кога во Парламентот не постоеше коалиција.

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот