Подољак: Преговорите со Путин би значеле откажување

Од:

Украина повтори дека нема да има преговори со Русија додека Кремљ не се откаже од сите украински територии, додавајќи дека Киев ќе продолжи да се бори дури и ако „нејзините сојузници му зададат нож во грб“.

Ова е реакцијата на официјален Киев на извештајот на The Washington Post, кој објави дека некои американски претставници го убедуваат Киев да сигнализира подготвеност за преговори.

Во своето ноќно видео обраќање, украинскиот претседател Зеленски рече дека треба да се изврши притисок врз Русија за „чесни преговори“, додавајќи дека Украина постојано предлагала такви преговори, но за возврат добила „нови терористички напади, гранатирање и уцени“.

„Повторувам уште еднаш – враќање на територијалниот интегритет, почитување на Повелбата на ОН, компензација за сите штети предизвикани во војната, казнување на секој воен злосторник и гаранции дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Тоа се сосема разбирливи услови“, рече Зеленски.

Неговиот советник Михајло Подољак беше уште поостар. Тој во денешното интервју за италијанскиот весник „Ла република“ рече дека „преговорите со Путин би значеле откажување“, додавајќи дека Украина „никогаш не сака да му даде таков подарок“ на рускиот претседател.

„Немаме избор. Ќе продолжиме да се бориме дури и ако нè забијат нож во грб нашите сојузници“, рече Подољак.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ