Поднесе оставка министерката за информации на Либан

Од:

Министерката за информации на Либан, Манал Абдел-Самад, денеска поднесе оставка и тоа е првата откако во експлозија на пристаниште загинаа повеќе од 150 луѓе и уништен е дел од Бејрут.

„По огромната катастрофа во Бејрут, поднесувам моја оставка од владата“, наведе таа во изјавата што ја пренесоа локалните медиуми. Таа упати и извинување на либанската јавност.

Премиерот на Либан, Хасан Диаб вчера најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во центарот на Бејрут во вторникот ја продлабочи кризата.

Во телевизиско обраќање, Диаб ги повика сите политички партии да ги остават несогласувањата настрана и да работат заедно.

Бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут што се случи во вторникот се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство.

Како што се наведува, 21 лице се водат како исчезнати.

Би можело да ве интересира

Хамас: Експлозијата во бегалскиот камп во Либан е резултат на електричен дефект

Ана Ололовска

Најмалку 10 повредени во серија експлозии во палестински бегалски камп во Либан

Ана Ололовска

Либан воведува полициски час за невакцинираните лица

Ана Ололовска

САД го честитаа Денот на независноста на Либан и го осудија терористичкиот напад во Ерусалим

А1он

Русија му испрати на Либан сателитски снимки од пристаништето Бејрут пред и по експлозијата

Ана Ололовска

Приближно 60 отсто од населението во Либан живее во сиромаштија

Ана Ололовска