Поддржувачите на Трамп во Конгресот бараат поништување на изборите

Од:

Американскиот Конгрес денеска испишува историја. Ова е првпат во својата модерна историја законодавното тело на САД да дискутира за поништување на резултати на претседателски избори.

Група републикански конгресмени денеска во Сенатот на броењето на сертифицираните гласови од секоја сојузна држава, обично прифатено како формална процедура, ја отфрлија победата на Џо Бајден во Аризона, сертифицирана со гласовите на електорите од изборниот колеџ.

Забелешката за изборите во Аризона не е единствена. Бидејќи постојат неколку забелешки, претставниците на Сенатот и Претставничкиот дом се вратија на своите места да дискутираат за ова.

За да се прифати секоја забелешка на сертифицирани избори во некој сојузна држава, потребно е да биде изгласана од секој дом одделно. Според еспертите тоа нема да биде возможно, така што победата на Бајден и неговиот потпретседател, Камала Харис, не е ставена во прашање, туку само се одложува формалната постапка на нејзино официјализирање.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина