Поддршка за Макрон од 72 француски градоначалници од десницата и центарот

Од:

Седумдесет и два градоначалници од десницата и центарот изразија поддршка за францускиот претседател Емануел Макрон, јавува дописникот на МИА.

-Ние сме меѓу оние кои посакуваат императивен успех на Франција, затоа му посакуваме успех на Претседателот на Републиката и на владата бидејќи ништо нема да се изгради врз нивниот неуспех, се наведува во заедничкото писмо, кое денеска е објавено во „Журнал ди Диманш“.

Меѓу потписниците се наоѓаат Кристоф Бешу, градоначалник на Анже поранешен член на Републикаците, Делфин БУркли градоначалничка на 9-от париски арондисман членка на Републикаците, Оливие Каре градоначалник на Орлеан поранешен член на Републиканците, Ален Кретјен, вршител на должноста градоначалник на Везул. , Франсоа Гулар, претседател на Советот на округот Морбијан поранешен член ан Републиканците, Лудовик Жоливет градоначалник на Кампер поранешен член ан Републиканците, Бриџит Фуре градоначалничка на Амиен, Кристоф Буше, градоначалник на Тур, Вилијам Делбар, градоначалник на Рубе, Лорен Енар градоначалникот Ненси и ко-претседавач на Радикалното движење, Стефани Гурауд-Шомеил, градоначалник на Алби.

Осврнувајќи се на кризата на „жолтите елеци”, овие избрани претставници нагласуваат дека „големата дебата посакувана од страна на Претседателот на Република, ги открива легитимните аспирации на Французите кои се чувствуваат беспомошни, далечни, понижени. Дебатата, исто така, ја истакна клучната улога на градоначалниците и локалните избрани претставници во нашата Република “, стои во текстот.

-Времето не е за ситни политизирања или претседателски тимови за кои се шпекулира за 2022 година. Не е време за систематска опозиција која на крајот ги храни крајности, велат тие, кога истовремено нивната партија Републиканците (партијата на Ширак и Саркози) и често нивни сојузник за центристите тоне во криза.

Макрон на европските избори привлече добар дел од гласачкото тело на центристите и умерената десница, кои не се препознаа во говорот на Републиканците, партијата во тешка криза на лидершип, може да да исчезне на идните општински избори.

Колку и да е искрена желбата на француските градоначалници да „успее“ Макрон и неговата влада за време на мандатот, толку според коментаторите, многу од овие градоначалници имаат „свој интерес“ да го поддржат претседателот. Тие стравуваат од можните кандидати за градоначалници кои би дошле од редовите на партијата на претседателот Републиката во движење. Макрон не крие дека следната цел на неговата партија е да освои колку што е можен поголем број на општини, по што би следувале и сенаторските избори последното упориште на опозицијата од десницата.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години