Почна средбата Зеленски – Ердоган во Лвов

Од:

Во украинскиот град Лвов во тек е средбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот Володимир Зеленски, што е прва нивна средба од почетокот на војната.

По средбата е предвиден трилатерален состанок со учество и на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Од кабинетот на Ердоган е соопштено дека тројцата соговорници ќе разговараат за можните дипломатски чекори што би можеле да бидат спроведени за запирање на руско-украинската војна, како и за зајакнување на активностите по однос воспоставениот механизам за извоз на украинското жито и храна на светскиот пазар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ