Почина поранешниот јужнокорејски претседател, познат како „Касапот од Гвангџу“

Од:

Поранешниот јужнокорејски претседател Чун Ду-Хван, кој управуваше со земјата со цврста рака, почина денеска на 91-годишна возраст. Поранешниот генерал починал во својот дом во Сеул, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Воениот режим на Чун Ду-Хван го надгледуваше силниот економски раст на Јужна Кореја и обезбеди Сеул да биде домаќин на Олимпијадата во 1988 година.

Чун беше првиот јужнокорејски лидер кој мирно ја предаде власта. Тој ја презеде власта по државен удар во 1979 година, кога беше убиен претседателот Парк Чунг-Хи.

Тој управуваше со земјата од 1980 до 1988 година, брутално замолчувајќи ја целата политичка опозиција и сè уште важи за еден од најомразените луѓе во Јужна Кореја.

Поранешниот диктатор е познат како „Касапот од Гвангџу“ затоа што наредил насилно да се задуши востанието против него на југозападот на земјата. Официјалната бројка на загинати и исчезнати во тој град е околу 200, но активистите проценуваат дека бројката може да е и три пати поголема.

Чун беше осуден на смрт за предавство во 1996 година, но неговата казна беше заменета со доживотен затвор по жалбената постапка, а подоцна беше ослободен по помилувањето од страна на претседателот.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски