Почина полскиот градоначалник кој беше прободен во срце на хуманитарен собир

Од:

Градоначалникот на полсото пристаниште Гдањск Павел Адамович беше нападнат со нож во неделата вечер на добротворен настан. Како што објави „Би-би-си, тој почина од повредите.

Градоначалникот веднаш по нападот во текот на кој беше прободен со нож во срцето беше пренесен во болница каде што дежурниот лекар Јержи Карпински ја оцени неговата состојба за „многу сериозна” и беше подложен на операција, објави полската новинска агенција ПАП.

Нападот се случи пред неколку стотици луѓе на добротворна акција на која се собираа пари за да се купат медицински уреди. Напаѓачот беше уапсен од полицијата, според портпаролот тоа е 27-годишен жител на Гдањск.

Видеоснимката на „Јутјуб“ покажува човек како скока на сцената, го зграпчува микрофонот и вели дека претходната влада Граѓанска платформа (лево) го фрлила в затвор и го „малтретирала“.

„И тоа е причината зошто Адамович мора да умре”, извика човекот.

На должноста градоначалник, 53-годишниот Адамович е од 1998 година, а Граѓанската платформа го поддржа неговиот реизбор на локалните избори есента 2018 година. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Матеус Моравицки веднаш изразија солидарност со Адамович.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски