Почина човек кој осум месеци бил заразен со коронавирус

Од:

Почина пациентот кој осум месеци бил заразен со коронавирусот, а се лекувал во италијанската болница „Сан Мартино“ во Џенова. Според италијанските медиуми, кои ја пренесуваат изјавата на првиот човек на болницата, д-р Матео Басети, починатиот пациент е единствен случај во светот кој бил позитивен на вирусот толку долго време.

Починатиот имал и други болести, а неговиот имунолошки систем бил ослабен. Тој бил заразен 250 дена, време во кое докторите се бореле за неговиот живот.

„Овој случа ни покажува дека ние сеуште не знаеме за Ковид-19“, изјавил д-р Басети за агенцијата „Анса“.

„Анса“ известува дека во последните 24 часа во Италија регистрирани се 11.200 нови случаи на коронавирус, а починале 659 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим