Поблага казна за Тимошенко, доколку плати 190 милиони долари

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Украинскиот претседател Виктор Јануковиќ изјави дека постои можност казната на поранешната премиерка Јулија Тимошенко да се намали, но само доколку ја обештети државата за сумата со која што ја оштети, односно доколку плати 190 милиони долари.

Тимошенко е осудена на седумгодишна затворска казна, поради злоупотреба на функцијата.

Западот бара нејзино ослободување тврдејќи дека процесот против неа бил со политички мотив и дека таа е изложена на малтретирање во затворот.

Јануковиќ исто така објави дека ќе се разгледа и помилувањето на соработникот на Тимошенко, опозицискиот лидер Јуриј Луценко.

Тој исто е осуден поради злоупотреба на функцијата, а западните власти сметаат дека процесот е политички мотивиран.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина