Победничкиот говор на Бајден: Време е Америка да се обедини

Од:

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се обрати на длабоко поделената нација, заложувајќи се за единство и разбирање по четирите години на власт на претседателот Доналд Трамп, кој засега не покажа никакви знаци дека планира да го признае поразот.
– Дојде време Америка да се обедини, порача денеска новоизбраниот претседател Џо Бајден во својот прв говор откако беше објавен за победник на изборите во САД.

Бајден говорот го одржа во Вилмингтон, Делавер, неговото постојано место на живеење.

Неговиот настап вчера се исчекуваше со нетрпение низ цела Америка, откако попладнето илјадници граѓани, претежно млади, се собираа по улиците на големите градови како Филаделфија, Њујорк, Вашингтон и Аталанта да прослават за неговата победа.
– Ветувам дека ќе бидам претседател кој ја обединува нацијата… Јас сум демократ, но ќе работам напорно како Американец, порача тој.

– Народот го кажа своето, тие ни ја обезбедија победата, истакна Бајден, обраќајќи се на нацијата од Вилмингтон, Делавер.

– Сакам да бидам претседател кој нема да разединува, туку што обединува, претседател што не гледа сини и црвени држави, туку Соединети Американски држави, истакна Бајден

Тој најави дека ќе даде се од себе Америка да ја направи почитувана низ целиот свет.

– Јас сум сопруг на Џил и не би бил тука без неа. Џил ќе биде одлична прва дама, рече избраниот претседател, дополнувајќи дека не би бил тука вечерва без љубовта на неговата сопруга, деца, внуци и целото семејство, рече Бајден.

Тој се заблагодари и на Камила Харис, која со него е избрана за потпретседателка на САД.

Бајден, исто така, им се заблагодари на сите што овозможија одржување на изборите среде пандемијата.

Тој потенцираше дека го разбира разочарувањето на приврзаниците на Трамп. – Јас изгубив неколкупати. Но сега, ајде да си дадеме шанса едни на други. Ова е време за заздравување на Америка, потенцираше поранешниот потпретседател на САД.

– Ајде да бидеме онаква нација каква што можеме да бидеме. Избран сум од демократите но ќе бидам претседател и за оние што не гласаа за мене…Треба да престанеме да гледаме на опонентите како на непријатели. Да ја завршима тажната ера на демонизаиција, овде и сег.

На поддржувачите на актуелниот претседаел, Доналд Трамп, им порача: Дајте ни шанса. Бајден потоа цитираше извадоци од Бибилјата кои завршуваат со зборови „време е за исцелување“.

Порача дека неговата Администрација ќе соработува напорно и ефективно со научната заедница на САД за да се победи пандемијата, дека ќе гради просперитет и ќе им се дава „праведна можност на сите“. Дека ќе се изгради здравството и усоврши американската демократија.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин