Побарани санкции зa советничката на Трамп, која ги измисли „алтернативните факти“

Од:

Канцеларијата за етика на американската Влада (ОГЕ) побара вчера санкции за Келиен Конвеј, висока советничка на претседателот на САД Доналд Трамп, бидејќи ги прекршила прописите, повикувајќи ги граѓаните да ги купуваат производите на ќерката на шефот на државата, Иванка Трамп.

– Станува збор за јасно кршење на забраната за користење на позицијата, оцени ОГЕ и ја повика Владата да „разгледа дисциплински мерки против Конвеј“, се наведува во писмото.

Сојузничките етички прописи им забрануваат на вработените во Владата да ја користат својата позиција за рекламирање производи на свои пријатели.

Келиен Конвеј во интервју за емисијата „Мит д прес“ (Meet The Press) на телевизиската куќа Ен-Би-Си го создаде изразот „алтернативни факти“.

Водителот Чак Толд ја притисна околу контроверзниот прв настап на претседателскиот портпарол Шон Спајсер, кој изјави дека инаугурацијата на Трамп беше најпосетената на сите времиња, а таа одговори: „Вие велите дека тоа е лага. А тие додадоа, Шон Спајсер, нашиот портпарол, изнесе алтернативен факт“. На овој начин настана сега познатиот израз „алтернативни факти“.

Во интервју за телевизијата Фокс од Белата куќа Конвеј со повикот до Американците да ги купуваат производите на Иванка Трамп одговори на одлуката на трговскиот ланец Нордстром да ја повлече линијата на облека на ќерката на Трамп.

– Купете нешто од производите на Иванка…јас денеска нешто ќе купам, рече Конвеј во интервјуто за Фокс Њуз од Белата куќа.

– Тука ќе дадам бесплатна реклама: Купете денеска нешто сите, рече таа само еден ден откако претседателот го критикуваше Нордстром, кој како причина за ваквата одлука го наведе падот на продажбата.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски