По земјотресот пристигнува помош во Авганистан

Од:

Европска Унија испраќа помош во Авганистан по разорниот земјотрес, при што загинаа повеќе од илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени.

Помошта на ЕУ за Авганистан е во висина од еден милион евра, а средствата ќе бидат распоредени од хуманитарни групи активни во земјата, вклучувајќи ги и невладините организации и Обединетите нации.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш истакна дека ОН се „целосно мобилизирани“ во Авганистан.

– Нашите тимови се веќе поставени, ги проценуваат потребите и обезбедуваат првична поддршка, посочи Гутереш.

Во меѓувреме Тајван најави дека ќе донира еден милион долари за Авганистан, но оти нема да испрати спасувачки тимови.

И Кина најави дека ќе пружи помош на Авганистан, но сè уште не објавила детали.

На 22 јуни во источниот дел на Авганистан беше регистриран земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Најпогодена од земјотресот е југоисточната авганистанска покраина Патика.

По земјотресот талибанците побараа помош од меѓународната заедница. Јапонија и Јужна Кореја вчера најавија дека ќе испратат помош во Авганистан.

Портпаролот на талибанците Занихулах Муџахид вчера на Твитер објави дека во загрозената област Пактика од Пакистан пристигнале осум камиони со храна и други артикли, како и два авиона со хуманитарна помош од Иран и од Катар.

Организирање на директна меѓународна помош би било тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, испраќаат хуманитарна помош преку ОН и други организации за да избегнат испраќање пари на талибанците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан