По уништувањето на браната, нивото на водата во Нова Каховка порасна за повеќе од 10 метри

Од:

Нивото на водата во Нова Каховка се зголеми за повеќе од 10 метри откако експлозија проби голема браната во градот, објави руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи ги локалните власти поддржани од Русија. РИА, друга руска државна новинска агенција, ги цитираше локалните власти кои велат дека евакуацијата започнала во голем број населби во областа Нова Каховка.

Нивото на водата во градот веднаш до пробиената брана може да се искачи на 12 метри, изјави прорускиот градоначалник Владимир Леонтиев во изјава објавена на Телеграм. Надлежните најавија дека во наредните 72 часа се очекува покачување на нивото на водата во градот.

Половина од распонот на браната е уништена, а структурата продолжува да се урива по ударите во текот на ноќта, објави во вторникот агенцијата ТАСС, повикувајќи се на службите за итни случаи. Руските медиуми јавуваат, повикувајќи се на руски извори, дека е уништена и хидроцентралата Каховка. Во вторникот Украина и Русија се обвинија меѓусебно за кревање на браната.

Би можело да ве интересира

„Забраната за влез на автомобили со руски регистарски таблички во земјите на ЕУ е нацизам“

Објавен таен документ: Ова се целите на САД во Украина

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанок во Киев

„Идиоти“, „високорангирани морони“ и „уште една будала“

Катерина Ѓуровски

Синот на Пригожин се обидува да го преземе Вагнер

Катерина Ѓуровски

Колку чини војната во Украина – ден на бојното поле Америка го плаќа со 86 милиони долари