По серијата протести во Кина, во Токио организирани анти-кинески собири

Од:

По масовните анти-јапонски демонстрации во Кина, кои ги предизвикаа спорните острови, за кои двете земји тврдат дека се нивни, анти-кинески протести сега се одржуваат на улиците на главниот град на Јапонија.

Демонстрантите денеска маршираа пред кинеската амбасада во Токио. На демонстрациите можеа да се видат голем број на анти-кинески транспаренти, на еден пишуваше: “Никогаш да не им се попушти на терористите од Пекинг”, додека вториот ги изедначуваше кинезите со нацистите.

Сепак, за разлика од големите анти-јапонски протестите во градовите низ цела Кина, за контра-протест во Јапонија се собраа релативно мал број луѓе. The Wall Street Journal објави се дека собрале само 50-ина луѓе.

Поради големите анти-јапонски протести во Кина, некои јапонски компании како Тојота, Хонда, Панасоник и Канон, претходно оваа недела ги затворија фабриките и продажните места поради страв од понатамошни напади.

Некои критичари сметаат дека масовните протести во Кина се поттикнати од власта. Кинескиот дисидент Аи Веивеи, ги коментираше актуелните случувања за ЛА Тајмс. “Јасно е како е ова испланирано. Последен пат кога луѓето сами се организираа, владата испрати тенкови на нив”, рече Веивеи, а се однесува на демонстрациите во 1989 година на плоштадот Тјенанмен.

Би можело да ве интересира

Пожар избувна во рудник за јаглен во Кина, најмалку 16 загинати

А1он

Шеф на кинеска осигурителна компанија е осуден на доживотен затвор поради корупција

(ВИДЕО) Драма во Кина: Избегаа 75 крокодили, никој не знае каде се, полицијата доби наредба да пука

Кинезите осудија на доживотен затвор американски шпион, кој работел незабележано со децении

75 крокодили избегаа од поплавена фарма во Кина и слободно шетаат низ град

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски