По самитот на ЕУ, премиерот на Луксембург позитивен на Ковид-19

Од:

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е позитивен на тестот за Ковид-19 откако минатата недела присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел.

„Засега тој има благи симптоми, треска и главоболка и од дома ќе ги извршува своите должности. Тој има намера да остане во карантин 10 дена“, објави весникот „Луксембургер Ворт“.

Според луксембуршката Влада, Бетел на 6 мај примил само една доза од вакцината „АстраЗенека“, а втората доза требало да прими неделава.

За време на самитот, Бетел се дружел со голем број европски лидери, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел.

Фотографиите од самитот покажуваат дека Бетел, меѓу другото, бил во близок контакт со австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но сите тие носеа маски на ваквите средби.

Би можело да ве интересира

Луксембург има најмногу автомобили по жител во Европската Унија

А1он

„Сериозна, но стабилна“ е состојбата на луксембуршкиот премиер Бетел, кој е заразен со коронавирусот

Жарко Настоски

Премиерот на Луксембург хоспитализиран поради коронавирус

Луксембург нуди стипендии за магистерски студии на студенти од Балканот

Жарко Настоски

Заев од Луксембург добил безрезервна поддршка за европската иднина на Македонија

Жарко Настоски

Властите во Луксембург со намера да го тестираат целокупното население во државата

А1он