По првпат за време на Ковид-19, Меркел јавно се појави со маска

Од:

По првпат од почетокот на пандемијата на коронавирус, германската канцеларка Ангела Меркел јавно се појави со заштитна маска на лицето.

Пред средбата на Бундесратот, таа е фотографирана со црна маска со логото на германското претседателство со ЕУ.

Претходно, новинарите ја прозваа поради тоа што не носи заштитна маска во јавност. Меркел тогаш рече дека кога има можност да одржува физичка дистанца, тогаш не носи маска, но кога, да речеме, пазарува во супермаркет, тогаш е со маска на лицето.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени