По принудното слетување, Јапонија бара привремено приземјување на авионите Ф-16

Од:

По принудното слетување на американски борбен авион Ф-16 во Јапонија, министерот за одбрана Нуо Киши побара привремено приземјување на овој тип авиони во земјата.

Киши денеска ја повика американската војска да го преземе овој чекор, објави јапонската новинска агенција Кјодо, пренесува ДПА.

Тој истакна дека „многу сериозно“ сфати инцидентот и оцени дека летовите со овие авиони треба да бидат прекинати додека не се потврди нивната безбедност.

Вчера, Ф-16 во североисточна Јапонија исфрли два резервоари со гориво пред принудно да слета на аеродромот Аомори поради проблеми во текот на летот. Според 35-то борбено крило во воздухопловната база Мисава, резервоарите биле исфрлени над ненаселени области во префектурата Аомори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија