По посетата на Киев, тројцата премиери се сретнаа со Шарл Мишел

Од:

Премиерите на Полска, Чешка и Словенија разговараа со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, веднаш откако се вратија од Киев, информираше денеска портпаролот на полската Влада.

„Неопходно е да се преземат понатамошни итни мерки за Украина“, напиша Пјотр Милер на Твитер.

Премиерите Матеуш Моравјецки, Петр Фијала и Јанез Јанша безбедно стигнаа во Полска, откако во Киев синоќа се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмигаљ.

По состанокот, тројцата премиери изјавија дека дошле да изразат поддршка за украинската борба за слобода и демократија.

– Тука сме да се восхитуваме на вашата храброст и на вашата борба, што го урива митот за непобедливата руска војска, појасни Јанша.

Тој додаде дека Украина не ја брани само својата територија, туку и основните европски вредности.

Тројцата премиери стигнаа во Киев со воз, што претставува прва ваква посета од странски делегации во Украина, од почетокот на руската воена операција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ