По наглото зголемување на случаите на коронавирус, Непал ги затвора училиштата

Од:

Непалските власти одлучија да ги затворат училиштата, откако пред речиси три недели на учениците им беше дозволено повторно да влезат во училниците, јави ДПА.

Мерката е поврзана со наглото зголемување на заразените со коронавирус во државата. Основните и средните училишта ќе останат затворени до 29 јануари, изјави портпаролот на Министерството за образование Дипак Шарма. Тој рече дека властите соработуваат со училиштата за да ги вакцинираат децата на возраст меѓу 12 и 17 години за време на затворањето.

Урбаните училишта обезбедија онлајн настава, но многу деца, особено во руралните области, имаат ограничен пристап до електрична енергија, интернет и паметни телефони. Властите, исто така, одлучија да забранат масовни собири на повеќе од 25 луѓе и да го запрат пристапот на невакцинираните до хотелите, рестораните и кината. Се разговара и за плановите од 21 јануари јавните услуги да бидат достапни само за вакцинирани лица. Се уште не е јасно колку долго ќе траат новите мерки, имајќи предвид дека само 37 отсто од луѓето во Непал имаат примено две дози од вакцината против коронавирус.

Би можело да ве интересира

Приведен криумчар на мигранти: Возел мигранти од Непал

А1он

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Непал, најмалку 128 мртви: Се тресеше се до Њу Делхи

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Непал

Силен земјотрес во Непал

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска