По масовната вакцинација, во Израел укината обврската за носење маска на отворено

Од:

Израелците веќе не мора да носат заштитни маски на отворено, што е уште еден знак дека мина врвот на епидемијата, по интензивната кампања за вакцинација во земјата.

Изутринава, на улиците најголемиот дел од минувачите беа без маски.

Во затворени простории каде што луѓето доаѓаат во контакт со луѓе надвор од сопственото домаќинство, потребно е да се носат маски, но експертите сметаат дека за еден месец оваа обврска може да се укине по падот на бројот на заразени во земјата.

Денеска, првпат по една година, повеќето училишта се отворени, а маските се задолжителни во училниците.

Благодарение на брзата кампања за вакцинација, бројот на заразени со Ковид-19 се намали. Бројот на сериозно болни пациенти е 200, додека на крајот на јануари имало 1.200.

Околу 5,3 милиони луѓе од вкупно девет милиони примија барем една доза вакцина Фајзер/Бионтек, а речиси пет милиони лица примиле две дози.

Сепак, кампањата за вакцинација стагнира и сè уште има околу еден милион невакцинирани Израелци на возраст над 16 години.

Експертите предупредуваат дека земјата сè уште не успеала да постигне колективен имунитет.

Би можело да ве интересира

Израел: Засега немаме план за прекин на огнот

Жарко Настоски

Скоро две третини од Русите ја одбиваат вакцината „Спутник В“

Жарко Настоски

Австриец ќе оди во затвор, намерно ѝ кашлал во лице на бившата жена и ја заразил со корона

Жарко Настоски

Медицински сестри вакцинирале со празни шприцови, перуанските власти отворија истрага

Жарко Настоски

Путин и Ердоган разговараа за израелско-палестинскиот конфликт

Египет посредува за прекин на огнот во Појасот Газа