По извештајот на Малер, паѓа рејтингот на Доналд Трамп

Од:

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп оваа година падна на најниско ниво откако во четвртокот беше објавена редигирана верзија на извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер, во рамки на истрагата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година.

Според анкетата на Институтот Ипсос и агенцијата Ројтерс, спроведена непосредно по објавувањето на извештајот, рејтингот на Трамп е намален – односно од четврток попладне до петок изутрина изгубил три отсто од довербата на гласачите и сега изнесува 37 проценти.

Рејтингот на американскиот претседател беше 43 отсто откако главниот обвинител Вилијам Бар минатиот месец објави резиме од извештајот на Малер. Според новата анкета, 50 отсто од испитаниците сметаат дека Трамп или некој од изборниот штаб соработувал со Русија за да влијае на резултатите од претседателските избори.

Испитувањето на јавното мислење покажува дека 58 проценти од анкетираните се согласни дека тој се обидел да ја спречи истрагата за руското влијание на неговата администрација, 40 проценти веруваат дека Трамп треба да биде отстранет од функцијата, додека 42 отсто се против тоа.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски