По изборите, републиканците бараат 60 милиони долари за судските постапки

Од:

Републиканците бараат од донаторите 60 милиони долари за финансирање на судските тужби на претседателот Доналд Трамп поврзани со американските избори, изјавија два неименувани извори.

Изборниот штаб на Трамп поднесе тужби во неколку градови по изборите што се одржаа на 3 ноември, на кои поради долгото броење на гласовите се уште не е прогласен победник.

Барањето за донации е во момент кога Трамп и демократкиот кандидат Џо Бајден се подготвуваат за потенцијално долга судска битка за изборите.

Трамп веќе изгуби неколку судски постапки во сојузните држави каде се уште трае пребројувањето на гласачките ливчиња.

Трамп ја почна кампањата со голема финансиска предност, но Бајден од 1 до 14 октомври собра околу 130 милиони долари, околу трипати повеќе од Трамп, кој доби приближно 44 милиони долари.

Бајден во синоќешното обраќање во кое нагласи дека иако „се уште немаме конечна потврда за победа, броењето на гласовите низ САД ни укажува за јасна и убедлива приказна: Ќе победиме во оваа трка”.

Бајден во моментов е во водство во клучните држави Пенсилванија, Џорџија и Невада, каде продолжи пребројувањето на гласовите.

Би можело да ве интересира

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД