По двочасовната средба, Путин и Ердоган ги продолжуваат разговорите во проширен состав

Од:

Претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган разговараа во четири очи во период од речиси два часа, јави ТАСС.

Разговорите продолжуваат на вечера, во проширен состав, но без присуство на медиумите.

Во руската делегација, освен Путин, се и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за енергетика Александар Новак, началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов, специјалниот претставник за решавање на сириската криза Александар Лаврентиев, шефовите на компаниите Гаспром и Росатом, како и амбасадорот на Русија во Турција.

Во турската делегација се началникот на Генералштабот на турската армија Хулуси Акар, вицепремиерот Мехмет Шимшек, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министрите за енергија и економија, амбасадорот на Турција во Русија, шефот на националното разузнавање, заменикот-министер за одбрана, главниот советник на Претседателот Садак Арслан и заменик-шефот на администрацијата на претседателот Ибрахим Кален.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов