По 17 дена потрага по земјотресот, најдено живо лице во Кина

Од:

Лице кое се водеше како исчезнато 17 дена по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан, пронајдено е живо, јавија дел локални медиуми.

Работникот во хидроцентрала Ган Ју се водеше како исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер, што го погоди Сечуан на 5 септември. Тој е пронајден жив, но повреден, од страна на локален жител.

Во земјотресот загинаа 93 лица, а стотици се здобија со повреди.

Ган и неговиот колега Луо Јонг на 5 септември останале кај хидроцентралата Вандонг. Тие сакале да им пружат прва помош на повредените колеги и да помогнат да се спречат поплави со испуштање вода од браната.

Двајцата пешки поминале околу 20 километри во планините околу хидроцентралата.

Но, тој бил кратковид и ги изгубил очилата, поради што тешко се снаоѓал на нерамниот терен.

Тие безуспешно се обидувале да испратат сигнал за помош. Луо подоцна сам отишол да бара помош и спасен е на 8 септември, откако со оган им го привлекол вниманието на спасувачите. Ган дотогаш ја напуштил својата локација.

Ган истакнал дека го преживеал 17-дневното искушение пиејќи вода и јадејќи диво овошје.

Тој е однесен во болница, каде лекарите констатирале дека има неколку скршеници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала