„Пју“: Мнозинството Американци против вооружување на Украина

Од:

Над половина Американци се против доставување оружје на Украина, иако во САД расте поддршката за таков чекор, покажува најновата анкета на истражувачкиот центар „Пју“ од Вашингтон.

Според истражувањето објавено овој месец, 53 отсто од Американците се против вооружување на Украина, што е девет процентни поени помалку во однос на април минатата година.

Истовремено, поддршката за вооружување на властите во Киев, бележи раст од 30 на 41 процент.

Речиси половина анкетирани ја одобруваат идејата САД да ја вооружат украинската армија, додека 46 отсто се против тоа, покажува истражувањето.

Истата анкета, спроведена на примерок од 1.500 полнолетни граѓани, покажува дека 70 отсто од Американците имаат негативно мислење за рускиот претседател Владимир Путин, од кои 40 проценти исклучително негативно.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми