Пјонгјанг: Нема да водиме преговори со САД за денуклеаризација на полуостровот

Од:

Северна Кореја нема да води преговори со САД за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, се додека американската страна не го промени пристапот кон градење на односите со Пјонгјанг, вели неименуван официјален претставник од МНР на Северна Кореја.

– Недовербата од страна на САД и нивното отворено непријателско поведение не можат, а да не предизвикаат нервоза и Северна Кореја е присилена да постапува по истиот модел на однесување. На тој начин САД демонстрираат несовесна и еднострана позиција, укажува претставикот од МНР на Северна Кореја.

Тој додава дека изгледите за решение на прашањето за денуклеаризација можат да станат уште подалечни. Претходно, претседателот на Државниот совет на ДНРК, Ким Џонг Ун, изјави дека САД имаат време до крајот на годината да го изменат својот пристап во преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Ким Џонг Ун истакна дека е подготвен и на трет самит со претседателот на САД, Доналд Трамп, покрај нивната неуспешно завршена средба годинава во февруари во Ханој, Виетнам.

На средбата во Ханој, претседателот на Северна Кореја побара укинување на санкциите кон неговата земја. Самитот заврши без потпишување на никаков заклучен документ.

Би можело да ве интересира

Рохани ги повика западните земји да го напуштат Персискиот залив

Помпео: Распоредувањето дополнителни сили во заливскиот регион е заради одвраќање

Командант на морнарица: Иран разорно ќе реагира на агресија

Сенатор од Пенсилванија уапсен поради обвинувања за педофилија

Трамп се заканува дека борците на ИД ќе ги пушти на европските граници

Ана Ололовска

Најмалку четири жртви во автобуска несреќа во Јута

Ана Ололовска